прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
петок, 18 април 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

Учениците и студентите најбројни на Саемот на книгата

Учениците и студентите вчера беа најбројни на Саемот на книгата што во „Метрополис арената“ на скопското Сајмиште ќе трае до недела. Дојдени во групи од училишта од Скопје, Струга, од Битола младите читатели беа во потрага по евтини книги. Студентите, пак, најмногу се интересираа за стручна литература и за нови дела од светското современо творештво.Прво ќе разгледам се' што има на штандовите, а потоа ќе го изберам тоа што е најново, но и најевтино. На Саемот доаѓам секоја година, зашто тоа е шанса да дојдам до книгите што ме интересираат. Штета што вакви манифестации нема и во другите градови, па да можеме полесно да купиме книги што ни се потребни - вели Мерсиха Исмајлоска.На штандот на „Макавеј“ денеска од 11 до 14 часот ќе се одржи Книжевно пладне со режисерот Љубиша Георгиевски. Тој ќе го промовира и ќе го потпишува „Театро“, „Пиеси“ и „Пимник“, тритомно дело за театарско творештво. Георгиевски ќе зборува и за својата режисерска, публицистичка и за политичката активност.Средба со автори денеска од 17 до 19 часот ќе организира и книгоиздателството „Темплум“ на својот штанд. Владимир Јанковски, раскажувач, и Иван Блажев, фотограф, ќе ја промовираат „Скопје со широко отворени очи“, монографија за современиот изглед на нашиот главен град.Во 12 часот Здружението на издавачи и книжари на Македонија ќе ги врачи традиционалните саемски награди за најдобри изданија меѓу два саема, а ќе додели и признание за најстар жив писател во Македонија.Награди ќе додели и Конзорциумот на издавачи, книжари и печатари на Македонија. Издавачките куќи „Макавеј“ и „Култура“ ќе бидат наградени за најдобро уреден штанд, на „Три“ и на АЕА ќе им биде врачена награда за најдобра промоција и презентација на книги, а на „Школска књига“ од Загреб ќе им биде врачено признание за најуспешен настап на странски издавач на саемот.Прикривањето на македонското постоење во Грција, изолираноста на Македонците во Албанија, тајните на Охридското и на Преспанското Езеро се дел од темите за кои американскиот патописец Кристофер Делисо зборува во книгата „Скриена Македонија“, која вчера беше промовирана на штандот на „Матица македонска“. Целта на мојот патопис не е политичка, туку намерата е нештата да се кажат такви какви што се. Открив дека таму луѓето зборуваат на македонски јазик и тоа го напишав. Идентитетот е интересна и комплексна тема за разгледување и за размислување, а тоа и ме привлече да ја пишувам книгата. Ова е прво дело што на овој начин се занимава со животот на Македонците во Албанија и во Грција - рече Делисо.

(Т.О.)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт