прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
среда, 24 јуни 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

„Северна“ се зацементира

Нимиц и во Женева останал на последниот предлог „Република Северна Македонија“ и најавува разговори за „прашања што досега го блокираа договорот“, а тоа се идентитетот и јазикот

Посредникот во преговорите за името Метју Нимиц смета дека неговиот последен предлог што го вклучува името „Република Северна Македонија“ е се' уште важечки и се покажува дека засега нема намера да дава нов предлог, оценуваат дипломати. Нивната оценка се заснова на информациите од последната рунда преговори што се одржаа во Женева, кога всушност на маса бил стариот предлог, а Нимиц најави дека се инсистира на прашања што досега го блокираа договорот. Според неофицијалните информации, на претстојните средби на Нимиц во Скопје и во Атина во почетокот на идниот месец ќе се фокусира на деловите од предлогот што се однесуваат на националниот идентитет и на јазикот. Нимиц во Женева изјави дека сега е време за постигнување компромис, иако „двете страни остануваат во своите ровови“. Според него, по завршувањето на локалните и на претседателските избори во Македонија, како и европските во Грција, се отвора голем простор за засилување на процесот, ако во Грција не се случат нови избори, со оглед на актуелната политичка ситуација.

Засега и двете страни молчат и не ја коментираат последната рунда преговори. Властите во Скопје очекуваат да бидат информирани од прва рака од амбасадорот Зоран Јолевски во наредните денови, а за грчката страна најсуштинската работа е што на маса останал последниот предлог на Нимиц. Во меѓувреме, во отсуство на коментари од властите, борбата за името ја продолжи грчката дијаспора во Австралија, чии членови најавија разговори со претставници на австралиската влада и со политичките лидери во земјата. Грците во Австралија бараат официјална Канбера, која Македонија ја признава под референцата, да не ја менува својата позиција за името. Грчката дијаспора, како што пренесе Макфакс, на средбите со австралиските власти и политичките лидери ќе изрази незадоволство поради „неодамнешниот протест на македонската заедница во Мелбурн, за време на кои Грците биле нарекувани фашисти, а било истакнато и грчко знаме со свастика“.

Жана П.Божиновска
Фото Чедомир Ненковиќ


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт