прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
вторник, 19 август 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

Блогерството во „Културен живот“

Списанието за култура, уметност и за општествени прашања „Културен живот“ му го посвети своето последно издание на блогерството.Под заглавјето „Комуникациите и новите медиуми. Моќта на блоговите“, се објавени текстови на комуникологот Сеад Џигал. Сузана Милевска пишува за блогосферата како стражар на визуелната култура. Археологот Василка Димитровска објавила текст за блог-археологијата и за нејзината веродостојност. Јана Ивановска истражувала на тема како блоговите влијаат на јавното мнение. Калина Малеска-Гегај се осврнува на делата „Островот од претходниот ден“ на Умберто Еко, „Таинствениот двојник“ на Џозеф Конрад и „Големата вода“ на Живко Чинго, наоѓајќи нивна заедничка нишка - водата како извор на двојна наративна линија. Во списанието е и текстот на Еко, „Постилите“, за својот роман „Името на розата“. Иван Џепароски објавил есеј на тема „Литературата и возвишеното“, а Лидија Димкова посветила текст на Оливера Николова, која ја нарекува „книжевна мајка“. За делата на Виктор Вазарели, осврт прави Марика Бочварова-Плавевска. Во рубриката „Излог на книги“, се објавени рецензии за „Книга за Рацин“ од Гане Тодоровски и за „Контексти“ од Анастасија Ѓурчинова. Кирил Пенушлиски објавил текст посветен на творештвото на австрискиот режисер Фриц Ланг, режисерот на антологискиот „Метрополис“ од 1927 година. За љубителите на драмското писмо, објавена е драмата „Разгрнување“ од Жанина Мирчевска.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт