прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 28 јуни 2007    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

ПРЕЗЕНТИРАНИ НАЈНОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА АНТИЧКИОТ ГРАД КАЈ ГРАДСКО

Римскиот форум во Стоби имал монументален влез

Се надевам дека Министерството за надворешни работи на Италија ќе помогне и истражувањата ќе продолжат уште шест месеци, рече Роберто Рицо од италијанската амбасада во земјава

Монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади, имал Римскиот форум во античкиот град Стоби, кај Градско. Преку тој влез стобјани излегувале од обејктот што во тоа време бил плоштад и стапнувале на градските улици. Деновиве малку луѓе би прифатиле да чекорат по плоштадот - поради жештините, условите за работа се речиси неподносливи. Во малкутемина може да се вбројат археолозите од Музејот на Македонија што го истражуваат форумот и се обидуваат да ги откријат неговите тајни. Екипата во 5 часот наутро веќе е на терен.

Деновиве завршува првата етапа од ископувањата што веќе трета година ги финансира организацијата ЧИЗ од Палермо, Италија, во рамките на проектот „Археолошка и туристичка валоризација на античкиот град Стоби“. Досега беа подарени околу 30.000 евра, а уште толку се очекува да одобри италијанското Министерство за надворешни работи. Тогаш треба да биде истражена и последната петтина од објектот од 2 и 3 век.

Претставници од Италија и од Музејот на Македонија вчера го посетија античкиот град. Тие се интересираа за историјата на форумот, за текот на истражувања, за наодите. За најновите резултати ги информираше археологот Мила Шурбаноска, раководителка на тимот.

- Работиме околу два месеца, главно на средината на објектот. Прво истраживме и документиравме гробови што во минатото биле дел од доцноримската некропола, а ја истражувавме пред три години. Годинава пронајдовме 20 гроба. Речиси во сите имаше скромни прилози, освен во два каде што пронајдовме 32 и 10 бронзени монети. Гробовите се датирани кон крајот на 4 до 5 век и го претставуваат претпоследниот слој во објектот. Најважно е што наскоро Римскиот форум ќе биде единствениот целосно истражен објект од раноримскиот период во земјава - рече Шурбаноска на вчерашната прес-конференција.

Археолозите деновиве завршуваат со работа. Предвидено е истражувањата да продолжат во август.

Мери Аницин-Пејоска, директорка на Музејот на Македонија, се надева дека ќе продолжи соработката со италијанската организација.

- Со новите сознанија се надевам дека ќе го оправдаме проектот и ќе продолжиме да работиме заедно и во рамките на културниот туризам, ќе го претставиме Стоби на светската јавност - рече Аницин-Пејоска.

Според Џузепе Камарата, претставник на ЧИЗ од Италија, проектот се реализира благодарение на институциите од Македонија и на италијанското МНР. Тој рече дека е задоволен како се развива проектот. Тој ги претстави архитектите Карла Бенели и Осама Хамдан, долгогодишни соработници на организиацијата, кои се дел од тимот во Стоби.

- Проблемот со културните добра е да се откријат, а потоа да се реши што да се прави со нив и на кој начин да се стори тоа. Ние сме тука да дадеме совет, да дискутираме. Се надевам дека ќе донесеме заклучоци што ќе бидат вредни за сите - рече Камарата.

Роберто Рицо, од италијанската амбасада во Скопје, многупати поминал, но вчера првпат го посети Стоби. И покрај големите жештини, истражувањата му оставиле голем впечаток.

- Се надевам дека италијанското Министерството за надворешни работи ќе ги прифати вашите и наши барања и проектот ќе продолжи уште шест месеци - рече Рицо.

Горан Бошков, од ЧИЗ Македонија, потенцира дека проектот годинава не добил поддршка од нашето Министерство за култура. Тој изрази надеж дека од идната година Стоби ќе влезе во програмата на ресорното министерство.

На прашањето зошто Министерството не учествувало, барем со симболична сума, Перо Јосифовски, програмски директор на Музејот на Македонија рече:

- Годинава се запрени сите активности на Стоби бидејќи Управата за заштита на културното наследство најави подготовка на план според кој ќе функционира Стоби.

Проектот за музеј може да пропадне

Ќе пропаднат 40.000 евра наменети за Музеј во Стоби што ги донира организиацијата ЧИЗ од Палермо, ако до декември раководителите на Стоби не се изјаснат каде сакаат да биде музејот, изјави вчера Џузепе Камарата.

- Во тој случај парите ќе се вратат на сметката на италијанското Министерство за надворешни работи и никогаш повеќе нема да може да се употребат во Стоби - рече строго Камарата.

На прашањето зошто три години го одолжуваат прашањето за музејот, Стефан Данев, раководител на Стоби рече:

- Парите нема да пропаднат. Недостига само одлука од Владата и објектот да припадне на Стоби - рече Данев, алудирајќи на ресторанот што се наоѓа крај стариот пат за Градско. Тој рече дека наскоро до италијанските партнери ќе биде доставена целосна документација за музејот.

Весна Ивановска

 


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт