прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 11 јуни 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

Професор на „Беркли“ ги погрчи Македонците

Милер и'е познат на јавноста како автор на провокативното писмо „Псевдомакедонизмот на БЈРМ“, што го потпишаа 200 професори и академици од највисоките светски универзитети и го пратија на американскиот претседател Обама


Автор на скандалозниот предлог е Стивен Г. Милер, професор на „Беркли“

Грција да ја анектира Македонија, а тие што се нарекуваат Македонци да станат народот на најновата грчка провинција, е скандалозниот предлог на Стивен Г. Милер, почесен професор по класична археологија на угледниот Универзитет „Беркли“ во Калифорнија. Милер и' е познат на јавноста како автор на провокативното писмо „Псевдомакедонизмот на БЈРМ“ за историјата на Македонија, што во минатиот месец го потпишаа 200 професори и академици од највисоките светски универзитети и му го пратија на американскиот претседател Барак Обама.

Земјата за која станува збор, со Скопје како современ главен град, беше наречена Пајонија во древноста. Не разбираме како современите жители на Пајонија, кои зборуваат словенски, јазик воведен на Балканот околу еден милениум по смртта на Александар, можат да го присвојуваат како нивен национален херој“, пишува, меѓу другото, во писмото испратено до американскиот претседател.Текстот испратен до Обама е изменета и прочистена верзија на писмото што професор Милер на 22 јануари го напишал до реномираниот магазин „Аркиолоџи“, издание на Американскиот археолошки институт. Повод за писмото бил текстот „Писмо од Македонија: кој има правото над Александар“ на Метју Брунвасер, слободен новинар што известува за Балканот. Текстот беше во јануари на насловната страница на „Аркиолоџи“. Соговорник на американскиот новинар беше археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.

НЕРВОЗНА РЕАКЦИЈА

Текстот објавен во „Аркиолоџи“ веројатно го засегнал професорот Милер. Новинарот Брунвасер, меѓу другото, пишува: „Уште откако поранешната југословенска република Македонија стана независна (пред 17 години), мала земја со околу два милиона жители, беше турната во борба со Грција околу прашањето која земја има право на името Македонија. Главен град на античкото кралство на Македон бил Пела, денес сместен во северна Грција, на област која всушност обединувала територија од двете модерни земји. Проблемот кулминираше лани во април, кога Грција стави вето за членството на Македонија во НАТО поради името“.За Македонија зборува Лилчиќ, кој се обидува да ги дефинира границите на античкото кралство Македонија.

- Разбудена е свеста за нашето античко наследство. Тоа е поврзано со сјајната историја на античките Македонци и со името што сме го наследиле. Археолошкиот проблем е да се открие колку е директна оваа врска - вели Лилчиќ за „Аркиолоџи“ и додава дека истражил околу 500 тврдини за да ги дефинира границите на античка Македонија, но има уште 400 локалитети што не ги посетил.Околу еден месец по објавувањето на овој текст, Милер го напишал писмото. Иако е адресирано до уредникот на „Аркиолоџи“, го објавил на блогот http//history-of-macedonia.com.

ДА СЕ АНЕКТИРА ПАЈОНИЈА

Во оригиналното писмо професорот Милер пишува:  Додека г. Брунвасер известува дека археолошките активности во Пајонија се добредојдени, неговото посвојување и промоција на модерните политички состојби за употребата на името Македонија не е само недобредојдено, туку и штетно за читателите на „Археолоџи“, кои претпоставувам се заинтересирани за историските факти. Но одлуката на „Аркиолоџи“, издание на Американскиот археолошки институт, да го пропагира овој историски нонсенс, е штетен за вашата сопствена репутација - вели Милер. Во писмото тој ја објаснува историјата, а своите ставови ги поткрепува со цитати на познати антички историографи. Сепак, писмото завршува со скандалозен став на објективен научник кој ја носи титулата почесен професор на „Беркли“. Писмото до „Аркиолоџи“, Милер го завршува со овие зборови:

„Да повториме уште еднаш: регионот на античка Пајонија бил дел од Македонската империја. Биле и Ефес и Мемфис и Вавилон и многу други. И тие можеби станале во едно време македонски, но никогаш не биле ‘Македонија’. Дозволете ми да ја завршам оваа егзегеза со предлог како да се реши прашањето за модерната употреба на името ‘Македонија’. Грција треба да ја анектира Пајонија, како што направил Филип Втори во 359 година пред новата ера. Очигледно е дека тоа ќе биде прифатливо за модерните жители на тој регион, со оглед на тоа што тие тврдат дека се Грци прифаќајќи го името Македонија и најпознатата историска личност што го носела ова име. Така, модерниот народ на оваа нова грчка провинција ќе може да се потруди да научи да зборува, пишува и да чита грчки јазик, како што направил и Александар“.

На Балканот му треба мир

Повеќето читатели на блогот на кој е објавено писмото со фалби го поддржуваат текстот на професор Милер. Но, еден од читателите, кој се потпишал со името Сакис, размислува поинаку: „Грција треба да ја анектира Пајонија“... Дали е ова покана за војна? Чујте, господине почесен професор. Вашата земја направи доволно за да го уништи Балканот со војната во Југославија. Треба да го ограничите Вашите аргументи само со историски податоци и да избегнувате провокации како ‘анектирање на Пајонија’. На Балканот му треба мир, а не покани за војна од вашата луксузна канцеларија на Универзитетот ‘Беркли’“ - напишал читателот.

Весна Ивановска

 


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт