прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
петок, 29 август 2008    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

За несакани спам-пораки казни од 500 до 2.000 евра

Ако се докаже дека навистина имало повреда на личните податоци, граѓаните ќе можат пред редовите граѓански судови да тужат за надомест на штета


Има посебни правила каде може да се постават камери
од безбедносни причини, велат од Дирекцијата за заштита
 на личните податоци

Праќањето на спам-пораки на мобилните телефони и имејл-адреси ќе се казнува и до 2.000 евра ако тоа се прави без согласност на граѓаните, предвидуваат измените на Законот за заштитата на лични податоци. Законот стапи во сила на 27 август, но казните за повреда на правото на заштита на личните податоци, кои се движат од 500 до 4.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрекуваат по шест месеци. Фирмите, политичките партии и сите други што вршат директен маркетинг преку имејл-адресите, мобилните и фиксните телефони, но и во поштенските сандачиња на граѓаните, ќе бидат казнети со глоби од 500 до 2.000 евра. Ако директниот маркетинг го врши граѓанин ќе плати казна од 500 евра, правните лице ќе бидат казнети со 2.000 евра, а раководните лица со 700 евра.

- Имавме поплаки за примени честитки од политичка партија до матурантите во Струмица и во Куманово и писма испратени од коалицијата „Сонце“ со кои им бил честитан роденден на некои граѓани. Политичкиот маркетинг е исто така директен маркетинг, па имаше инспекција, но постапката се' уште трае - вели Зоран Пандев, заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Граѓаните поднеле до Дирекцијата повеќе барања за заштита на податоците, најмногу поради повреди извршени преку електронските комуникации: крадење на идентитет, добивање спам-пораки на мобилните телефони и слично. Поради тоа, Дирекцијата поднела три прекршочни пријави против два телекомуникациски оператора. Со измените на Законот, Дирекцијата веќе нема да поднесува пријави, туку ќе може самата да казнува за повреди на правото на заштита на личните податоци, а жалбената постапка ќе се води пред Управниот суд.

Ако се докаже дека навистина имало повреда на личните податоци, граѓаните ќе можат пред редовите граѓански судови да тужат за надомест на штета.За злоупотреба на туѓи лични податоци, во кои спаѓаат матичен број, адреси, телефонски броеви и имејл-адреси, верски и филозофски убедувања, па се' до здравствени и биометриски податоци, граѓаните ќе плаќаат од 500 до 900 евра. А ако такви злоупотреби направат правни лица (фирми, партии, здруженија...), казните ќе изнесуваат од 2.000 до 4.000 евра. Освен овие казни, оние што ги злоупотребиле туѓите лични податоци можат да бидат и кривично осудени на парична или на казна затвор до една година.

- Како што матичниот број е идентитетот на едно лице на ниво на држава, биометриските податоци како што се отпечатоците од прст и скенот на ретината се универзален идентификатор на светско ниво. Ваквите податоци веќе се употребуваат во некои држави, а новитетите на технологијата наскоро ќе дојдат и кај нас, па решивме тоа да го пресретнеме и однапред да ги заштитиме биометриските податоци на граѓаните - вели Пандев.Снимањето со камери на јавни места се третира како обработка на личен податок, па затоа граѓаните мора да бидат информирани дека местата на кои се поставени камери се под видеонадзор.

- Има посебни правила каде може да се постават камери од безбедносни причини. Камери не смеат да се постават на работните места, на пример. Видеонадзорот е дозволен заради контрола на влезот и излезот или заради безбедноста на работниците, но не смее да се користи за оценување на нивната ефикасност. Камери на влезовите на колективни станбени згради може да се постават само ако има согласност од сите станари, а пред влезот на индивидуален стан таа не смее да ги „фаќа“ соседите. Фирмите, пак, што имаат поставено камери на влезовите на други места на објектите, мора на видно место да истакнат известување дека се врши видеонадзор, дали е 24-часовен или од колку до колку часот и кој го поставил - вели Маријана Марушиќ, директорка на Дирекцијата.Според неа, вакви известувања треба да се постават и кога камерите се поставени на раскрсница и на семафори за да бележат евентуални сообраќајни прекршоци.

- При користење на ваквите снимки треба да се гледа само регистарската табличка, но не и целото возило. Аудионадзорот во најголем број случаи не е дозволен. Тој може да се користи во кол-центрите, може да се снимаат телефонските разговори на Итната помош, полицијата, пожарната, во некои банкарски служби, но никако за прислушување на вработените - вели таа.Дирекцијата досега не можеше да врши контроли на збирките лични податоци на граѓаните што ги имаат МВР и Министерството за одбрана. Со измените, Дирекцијата доби право да врши такви контроли кога станува збор за кривични постапки, дури и во случаите што ги води ДБК за податоци што не се класифицирани како доверливи. Но, ќе може да „ѕирне“ само во дел од нив, кога станува збор за безбедноста и одбраната на државата.

Натали Н.Сотировска
Фото: Маја Златевска

 


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт