прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
понеделник, 17 декември 2007    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Свет

Тајниот тестамент на Кемал  Ататурк пред Европскиот суд

Турчинот Мерич Тумлуер се обратил до Европскиот суд за човекови права во Стразбур со барање да биде обелоденет тајниот тестамент на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, објави весникот „Ватан“.

Весникот наведува дека барањето на Тумлуер било одбиено во 2005 година од судот во Анкара, поради што тој се обратил до судот во Стразбур, а во мај годинава добил одговор од Европскиот суд за човекови права дека неговата молба е примена.

Тумлуер тврди дека Ататурк два месеца пред својата смрт, во септември 1938 година напишал тестамент во дворецот Долмабахче во присуство на нотар. Тој побарал содржината на тестаментот да биде откриена 50 години подоцна.

Во 1988 година за време на мандатот на седмиот претседател на Турција, Кенан Еврен, тестаментот бил прочитан, но неговата содржина не е соопштена на јавноста.

Турскиот иследник Ајтунч Алтандал тврди дека тестаментот на Ататурк бил прочитан од Еврен и од тогашниот премиер Тургут Озел, кои заклучиле дека „турскиот народ се' уште не е подготвен за ставовите на Ататурк“.

Тогашниот претседател и премиер на Турција тестаментот на Мустафа Кемал го ставиле под забрана за објавување уште 25 години, односно до 2013 година.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт