прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Форум

ПРЕСУДНА ГОДИНА

(Рас)плетка

Годинава ќе биде круцијална за политичката судбина на Груевски и на сите нас. Тој сега ја има шансата - или ќе влезе во историјата или ќе заврши во историјата

Познатиот старогрчки филозоф Диоген бил осуден од судот со прогонство од земјата, поради некое недобро дело што го сторил. Прашан од судот дали би имал нешто да каже во однос на изречената казна, тој со насмевка одговорил - вие ме осудивте со прогонство од сопствената земја, а тоа не е ни најмалку добро, но јас ве осудувам доживотно да останете во ова проклета земја, каде што вечно владеат подметнувањата, алчноста, лагите и омразата.

За жал, и кај нас таква казна би се чувствувала како среќа, за разлика од несреќата на тие кутри што треба да трпат болшевичка партиска слава од 50 дена, каде што ќе се слават поразите. Се' почесто напуштањето на земјата се доживува како напуштање на мракот и зграпчување на светлина; како напуштање на злото и допирање на доброто; како излегување од пеколот и тргнување кон рајот. Таквата чудна „среќа“ е поради „светлата“ иднина приредена од мрачните партиски идеологии, чија завршница се крунисува со погребување на сегашноста и иднината на несреќните луѓе, а и на државата. Такви идеологии и кога ќе здогледаат мала светлина на крајот на тунелот веднаш трчаат да ја угаснат. При ваков ментален код, кога амбисот ни изгледа како нирвана, невозможно е да се допира светлината, оти мракот не може да се истера со мрак. И по којзнае кој пат се потврдува тезата дека многу често во политиката се влегува како човек, а се излегува како ѕвер.

Меѓународната заедница ни ја прочита молитвата, а ние реагираме како безбожници. Истите тие луѓе што добронамерните пораки на нашите пријатели ги дочекуваа на нож пред 2001 година, пак сега обвинуваат дека некој ни се меша во внатрешните работи на државата, дека ни се закануваат, не' заплашуваат итн. Ќе го следи ли пак државата нивниот поматен ум или конечно ќе се ослободи од таква опасна мрежа, која веќе 20 години и' ја заробува иднината.

Премиерот, на нему својствен популистички начин си го кажа своето за името. Едни си кажуваат дека со таквата изјава тој само што ги погребал преговорите, а други мислат поинаку - дека само што си ја потврдил претпоставката дека оптимизмот на странците не е без основа. По таа логика премиерот би поддржувал предлог што нема да биде за севкупна употреба. И дека таквата изјавата му служи како амортизер за тоа што се очекува да се случи. А тоа е всушност само евтина козметика или проѕирен смоквин лист.

Но како и да е, конечната разврска се наближува. Од нас зависи дали ќе ги следиме црните облаци или убавата ведрина; празното минато или важната иднина; патот на ѓаволот или повикот на Господа. И конечно, ќе престане ли нашиот премиер цело време театрално да ја троши енергијата за да докаже пред исцрпената јавност дека е единствениот во земјата што не попушта за името, и дека ако тоа го стори мора да биде последен, малтретирајќи луѓе чиј максимален дострел е да бидат гласачи. Ќе престане ли премиерот кормилото на државата да го ориентира кон опасен гребен, воден од заблудата дека бродот е посилен од карпата. И конечно ќе престане ли тој со такво владеење што се засновува врз бескрупулозност во уништувањето на тоа што е рационално кај луѓето, нациите и културите. Тој мора да сфати дека државата не се води со целосно узурпирање на нејзините институции, органи, здруженија, синдикати, па се' до рибарските друштва. Мора да сфати дека тоталната партизација на државата значи тотално газење по достоинството на луѓето. За жал, сега ако не сте во партија, не сте никој и ништо, а не сте ни човек.

Национализмот и клерикализмот е омилен аперитив и десерт во дневнополитичката кујна на премиерот. Тој страда (или глуми) од хипохондрична потреба да го брани својот народ од некакви опасности, кои само тој ги гледа. А тој сирот народ најмногу е загрозен токму од лошото владеење. Историјата е полна со водачи што имале мало срце, големи амбиции и среден ум, а тоа е смртоносна смеса за судбината на милиони души. Луѓето, скарани сите против сите, немаат веќе време да си ги копаат нивите, оти се зафатени со ископувањето на очите.

Пораките од пријателите се многу сериозни. Тие веќе го губат трпението. Ако не сте одговорни пред себе, не очекувајте тоа да бидеме ние кога ќе ви згусти. А многу е ризично да останете сами при ваква катастрофална социјална преддетонација, затегнати меѓуетнички односи, меѓуверска нетрпеливост, меѓупартиско заоштрување, невиден криминал. Ситуацијата станува се' похаотична. Економијата како на Буркино Фасо, децата исчезнуваат како во Колумбија, луѓето се убиваат како во Дарфур, банките се ограбуваат како во Могадишу. А власта се фали со стабилноста!

Проблемот итно треба да се реши. Национализмот да се замени со економија, антиквизацијата со инвестиции, партизацијата со професионализам. Државата не се води со сондажи. Нормално, ако ги прашуваме луѓето дали би сакале да ве оперираме, тие би одговориле негативно, но ако им кажуваме дека операцијата е неопходна поради загрозеноста на нивното здравје, тогаш ќе добиеме дијаметрално спротивни резултати.

Конечно, годинава ќе биде круцијална за политичката судбина на Груевски и на сите нас. Тој сега ја има шансата - или ќе влезе во историјата или ќе заврши во историјата. Но, не дај Боже тоа да ни се случи сите нас. Ако ги реши проблемите, нема да има потреба од споменици оти самиот ќе заслужува еден споменик. Но ме плаши нешто друго. Да не не' претвори сите нас во споменици, а државата во помен.

Диоген ја напуштил својата земјата, можеби среќен. Кај нас тоа го прават обичните луѓе, а не водачите. Тие никаде не може да најдат ваква идеална земја. Барем за себе.

Мерсел Биљали
(Авторот е универзитетски професор)


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт