прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Актуелно
Во фокусот
Република
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Фељтон
Култура
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна



















Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Економија

Грипот десеткратно го зголеми профитот на фармацевтите

Од свинскиот грип најмногу ќе профитираат европските производители на лекови „Глаксо Смит Клајн“, „Новартис“, „Санофи-Авентис“ и „Астра Зенека“, кои ја добија лиценцата за вакцини против вирусот

Благодарение на намалувањето на трошоците и се' поголемите приходи од лекови, водечките светски фармацевтски компании го зголемиле својот профит во третото тромесечје од годинава. Дел од тие компании предвидуваат дека приходите ќе им растат и во последниот квартал од оваа година, објави хрватскиот „Нови лист“.

Од новиот грип најмногу ќе профитираат европските производители на лекови

„Глаксо Смит Клајн“, „Новартис“, „Санофи-Авентис“ и „Астра Зенека“, кои ја добија лиценцата за вакцини против вирусот.

Компанијата „Новартис“ објави умерен пораст на приходите. Швајцарски „Рош“, кој не објавува квартални податоци за профитот, приходите ги зголемил за 9,7 отсто и тоа најмногу поради продажбата на лекот „тамифлу“. Таа компанија во третото тромесечје заработила 12,4 милијарди швајцарски франци, а приходите од продажбата на лекот се зголемија речиси десет пати, односно на 994 милиони франци. Во компанијата се проценува дека приходите од продажбата на „тамифлу“ годинава ќе бидат две милијарди франци или околу две милијарди долари.

Освен на „тамифлу“, зголемена е и продажбата на „реленца“, антивирусен лек, кој го произведува „Глаксо“. Во третиот квартал тој лек е продаден во вредност од 304 милиони долари, а во истиот период лани приходот од него бил само 20 милиони долари. И „Глаксо“ во последниот квартал од годината очекува пораст на приходите од продажбата на лекови против свинскиот грип, па очекувањата им се над милијарда долари.

Финансискиот раст на „Новартис“ не се темели само на вакцината против свинскиот грип, туку на развој и продажба на други лекови. Во последниот квартал од годината само продажбата на вакцини против новиот грип, според очекувањата на „Новартис“, ќе донесе од 400 до 700 милиони долари.

Свинскиот грип ја издигна и компанијата „Астра Занека“, која се смета за мал играч на „пазарот на грип“. Таа има договор со Владата на САД за 40 милиони дози вакцини, поради што во третиот квартал ќе заработи 152 милиони долари.

Француската компанија „Санофи-Авентис“ во последните три месеци од годинава очекува 500 милиони долари од продажбата на вакцина против новиот грип.

И американските фармацевтски компании „Физер“ и „Бакстер“ во третиот квартал имаат одлични резултати, кои ќе бидат уште подобри на крајот од годинава.

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

 Вторник       Среда
 
 мин-макс      мин-макс
   -9/7             -5/4

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.71
 AUD     39.18
 USD     44.35
 GBP     70,54


 
 
прва страна   контакт