барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Култура
Спорт
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
26°C
Моментални услови
Ведро
Прогноза
Недела
Ведро
Мин: 14°C, Макс: 30°C
Понеделник
Сончево
Мин: 12°C, Макс: 30°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Во фокусот
Датум: 28.12.2011, 18:09

Во Македонија има 1.842 цркви и 580 џамии

Во земјава има 1.842 православни христијански цркви во сопственост на МПЦ и 580 џамии со кои располага Исламска верска заедница, произлегува од публикацијата „Kарта на верски објекти во Република Македонија“, која вчера беше промовирана од страна на издавачот, Kомисијата за односи со верски заедници и со религиозни групи. Во делото детаљно е наведен список со 2.466 верски објекти кои постојат во земјава, а се во сопственост на некоја од петте верски заедници, кои се наведени во државниот Устав. Според овој регистер, Kатоличката црква има 29 верски објекти, Евангелско-методистичката црква - 12, а Еврејската заедница - три.

Инаку, православни цркви најмногу има во Преспанско-битолската епархија - 505, а најмалку во Струмичката - 83. Најмногу џамии има подрачјето на Скопското муфтиство - 115.

Валентина Божиновска, директорка на Kомисијата, информира дека покрај 15 регистрирани цркви, 7 верски заедници и 7 религиозни групи, наскоро може да се очекува и барање за регистрација на нова религиозна група „Свети Јован Kрстител“, која е од православен верски корпус.

- В година очекуваме да се реализира и проект со кој во секоја затворска установа ќе има молитвена соба во која верници од разни конфесии ќе може да си ги задоволуваат верските потреби - нагласи таа. (Б.Ѓ.)

#



Останати вести
Вртат милиони, а свират само ора и песни
Денот на Охридскиот договор да биде државен празник
Амбасадорите ќе се потат в година

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Атеист, 29.12.2011 02:56:43
Кога ќе дојдам на власт ќе ги срушам сите верски објекти и никој нема да хејта на религиска основа.
Итрополит, 29.12.2011 09:53:13
Премногу се! Владата би требало под итно да изготви програма за преполовување на бројката односно нивна пренамена.
Martin, 29.12.2011 15:05:04
Bog da chuva od novokomponiranite crkvi i dzamii. Staroto, vrednoto, duhovnoto propagja na smetka na kichot i razvratot.
 
Најнови вести

Папата Франциско: Единство наместо еднообразност
Крај на ситните евро-монети?
„Празните гнезда“- иднина на Македонија?

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->