барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Региони
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Спорт
Омнибус
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
23°C
Моментални услови
Делумно облачно
Прогноза
Среда
Делумно облачно
Мин: 12°C, Макс: 28°C
Четврток
Локални грмотевици
Мин: 11°C, Макс: 26°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Џубокс
Датум: 09.10.2008, 19:08

Интегралната верзија на предлог-документот од медијаторот Нимиц

Следува резиме на клучните елементи на препорачаната структура за решавање на прашањето за „името“, која ќе биде содржана во неколку документи, вклучувајќи и билатерална спогодба помеѓу двете Страни, извештај на генералниот секретар на Обединетите нации до Советот за безбедност и резолуција на Советот за безбедност (ратификувана од Генералното собрание). „Првата страна“ и „Втората страна“ се дефинирани во Привремената спогодба од 13 септември 1995.

1.Уставното име, Република Македонија, ќе остане уставно име на Втората страна и ќе се употребува како официјално име на Втората страна во интерен (домашен) контекст.

2.Втората страна ќе го усвои преку својот уставен процес името „Република Северна Македонија“ (Republic of North Macedonia), (на француски: Republique de Macedoine du Nord) (наречено во овој документ: име во рамките на Обединетите нации/меѓународно име), кое ќе има целосно правно дејство и ќе се употребува како официјално име на Втората страна во меѓународен контекст, вклучувајќи:

а. Во организацијата на Обединетите нации по ратификацијата на името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име преку резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и Генералното собрание;

б. Во други официјални и квазиофицијални меѓународни, мултилатерални и регионални организации, вклучувајќи ги Европската Унија и НАТО;

ц. На официјални и квазиофицијални меѓународни, мултилатерални и регионални конференции, состаноци, иницијативи и слични ситуации;

д. Во мултилатерални спогодби, договори и слични официјални документи и инструменти.

3.Краткото (неформално) име, кое ќе се користи при официјална употреба во Обединетите нации и за друга официјална употреба во меѓународен контекст ќе биде „Северна Македонија“ (North Macedonia) (на француски: Macedoine du Nord).

4.Советот за безбедност на Обединетите нации ќе препорача третите држави да го употребуваат името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име за официјална билатерална употреба. Во секој случај, како што е утврдено во став 2 погоре, името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име ќе се користи единствено во сите мултилатерални официјални и квазиофицијални конференции, состаноци, иницијативи и слични ситуации без разлика каде се одржуваат и без разлика кои се строго билатералните аранжмани во однос на која било земја-домаќин или учесник.

5.„Поранешна Југословенка Република Македонија“ нема повеќе да е прифатлива употреба за името на Втората страна.

6.„Македонија“ кога „именката“ стои сама, нема да се употребува од страна на ниту една држава како официјално име.

7.И Првата и Втората страна може да ги употребуваат зборовите „Македонија“ и „Македонски“ (Macedonian) во соодветни неофицијални контексти, сепак, под услов ниту Првата ниту Втората страна да не изразуваат ексклузивни права, политички, комерцијални или поинакви кон името „Македонија“ или „македонски“ кога стои само во кој било јазик.

8.Пасошите и сличните документи за идентификација што се употребуваат меѓународно (а, не само во рамките на Втората страна) ќе имаат формат и избор на зборови утврдени во Анекс 1 на овој Работен документ.

9.Првата страна и Втората страна ги задржуваат своите позиции за прашањето за соодветни придавки што се однесуваат на Втората страна, кое прашање не е релевантно за билатералната спогодба, која треба да биде склучена помеѓу нив. За целите на официјална употреба во рамките на Организацијата на обединетите нации, Секретаријатот ќе усвои соодветни термини за придавска употреба за Втората страна во согласност со нејзините вообичаени процеси.

10.Имињата „Македонија“ и „македонски“ може да се користат за комерцијални цели од субјектите и на Првата и на Втората страна на неексклузивна основа во согласност со меѓународното право, конвенциите и практиките во однос на употребата на географските имиња за комерцијални цели. Страните ќе го спроведат овој став преку соодветни технички договори и аранжмани.

11.Секоја страна ќе го реафирмира своето откажување од какво било побарување во однос на територијата на другата страна и ќе се согласи да не изразува или охрабрува иредентистички побарувања или непријателски изјави насочени кон другата страна.

12.Првата страна ќе ја поддржи апликацијата на Втората страна под името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име за приклучување кон НАТО и Европската Унија, предмет на исполнување од Втората страна на редовно применливите услови и критериуми за членство.

13.Првата страна и Втората страна ќе преговараат, под покровителство на генералниот секретар на Обединетите нации, за нова конечна спогодба, која ќе ја замени Привремената спогодба од 13 септември 1995 година. Овие преговори ќе почнат во рок од три месеци по ефективниот датум на почнување на употребата на името во рамките на Обединетите нации/меѓународното име во организацијата на Обединетите нации, и новата конечна спогодба ќе ги опфати прашањата од заеднички интерес за кои двете Страни имаат постигнато согласност.

Republic of North Macedonia
Republique de Macedoine du Nord
Република Македониjа

 

пасош
passport
passeport

Вака, според Aнекс бр. 1 во предлогот, името
на нашата земја би било напишано на пасошите

 

 

Љубомир Фрчкоски: Проблематичен делот за националноста

Предлогот треба допрва да се види, но генерално, според тоа што досега успеавме да го слушнеме, тој е проблематичен во делот на националноста, вели професор Љубомир Фрчкоски.

- Треба да се види дали предлогот за националност северномакедонска се однесува на државјанството или на националноста. Тие две работи мора да се одвојат. Националноста мора да се одржи македонска, таа да произлегува од македонскиот народ и соодветно на тоа да се одржи и македонскиот јазик. Значи, тие две работи мора да се дефинираат во документ. Инаку, предлогот за името не е проблематичен, но ние мораме да опстоиме на националноста Македонци, нели, од северна Македонија - вели професор Фрчкоски.

Денко Малески: Лош предлог

Мислам дека ова е полош предлог од претходниот и не гледам причина да го разгледуваме за евентуално да го прифатиме. Прашањето за националниот идентитет е целосно игнорирано и звучи неверојатно. Северномакедонска националност не постои - смета професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески.

Тој вели дека во овие околности во кои се наоѓа македонското општество и политика, компромис не е можен.

- Од една страна, имаме длабоко поделено политичко водство, а од друга, народ што е постојано изложен на националистичка реторика. Не е работа заради компромисот да се испотепаме меѓу себе, туку да ги разбереме реалностите на меѓународната политика кои се сурови и потоа да тргнеме во пресрет на решавање на проблемот - изјави Малески.

Љубчо Георгиевски: Прифатливo

Ако македонската јавност и македонскиот државен врв расчистиле со ставот дека Република Македонија еден ден мора да направи компромис, тогаш новиот предлог-пакет на Нимиц е добра основа да се најде тоа решение, соопшти поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во име на истоимената политичка фондација.

„Длабоко сме убедени дека името Република Северна Македонија е најдостоинственото, најдоброто и најточното од сите досегашни предлози. Државните органи на Република Македонија треба да го прифатат ова име. Ваквиот пристап кон преговорите на македонскиот државен врв ќе му даде шанса да излезе од изолацијата и да се претстави како конструктивен фактор“, се вели во соопштението.

Георгиевски нагласува дека она за што треба да продолжат преговорите и она на што треба да се стави најголемиот акцент е прецизирањето на „македонска нација“ и „македонски јазик“.

Тој ги повика претседателот на државата и премиерот да го надминат својот личен инает и да најдат сили заеднички да го донесат решението.

 

#



Останати вести
Али Ахмети спремен да одговара пред македонски суд
Косово среќно од одлуката на Македонија
Наместо систематски, површни прегледи
Се запишаа рекорден број бруцоши
Нимиц ја задоволи само Грција
10
Казнетите граѓани го чистат Кичево
Македонски да се учи и во Голо Брдо
Македонците од Грција и од Бугарија разочарани од ЕУ
СДСМ против поскапувањето на изборните кампањи
Дали станбена зграда е јавен интерес?
Со протест се заканија 30.000 ловџии
Крива Паланка го реши метежот
Со сида заразени уште двајца битолчани
Полошките општини ќе се натпреваруваат за 300.000 евра

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести
Македонците сe повеќе умираат, сe помалку се раѓаат
Закочија преговорите Ивановски-Јовановски-Заев
Конкурираат да станат амбасадори во Берлин, Вашингтон и во Бразилија
На „Бихаќска“ кандидатите си делат функции пред конгресот
Делчев го удави бугарското добрососедство
Неизвесен крајот на потрагата по исчезнатото девојче

Наскоро легализација на мигрантите во САД
Ако е Конгрес, нека бидат четворица
ЕУ поделена околу данокот на финансиски трансакции

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->