прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

Со дигитализација македонското богатство поблиску до светот

Процесот на дигитализација претставува важен сегмент во остварувањето на целокупната културна политика во државава и влијае на културниот развој на земјава. Со дигитализацијата нашето културно наследство ќе биде достапно не само во Македонија туку и во земјите од Европската Унија и во светот. На овој начин секој ќе може да види и да се запознае со она што ние како земја го поседуваме - рече, меѓу другото, Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура, на вчерашната расправа на која Министерството за култура го презентира нацрт-планот на националната стратегија за дигитализација на културното наследство во Република Македонија. Тој изрази надеж дека на тој начин нашето културно наследство ќе биде достапно не само во Македонија туку и во земјите од Европската Унија и во светот. На овој начин секој ќе може да види и да се запознае со она што ние како земја го имаме. Стратегијата за дигитализација на културното наследство не е замислена како една сеопфатна активност за дигитализација, туку е збир на активности со кои ќе се постигнат повеќе цели.

- Дигитализација е само дел од процесот на вклучување на заштитата на културното наследство во развој на информатичкото општество во државата. Таа значи придонес во неговата подобра и поадекватна заштита преку квалитетно изговарање, обработка, сместување, чување и користење на постоечката и идна документација за повеќе намени. Ќе се обработува во рамки на програмирани активности, согласно програмата и акциониот план, според приоритетна листа со активности, согласно усвоените норми и стандарди - рече Лазар Шуманов, координатор на работната група.

Шуманов додаде дека периодот од јуни 2009 до 31 декември 2012 година треба да се смета како пилот-период во проектирањето и реализацијата на националната стратегија за дигитализација. Потоа, сите носители на активностите ќе достават целосен извештај за реализација, во кој ќе бидат забележани резултатите, позитивни и негативни, а ќе се предложат и мерки за продолжување и коригирање на слабите резултати.

Проектот за дигитализација на културното наследство ќе им овозможи на сегашните и на идните генерации, пред се', пристап до содржини и информации за културното наследство на земјава. (Е.М.)

#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт