барај

период од-до
-
Дневник електронско издание

Во фокусот
Актуелно
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Автомобилизам
Спорт
Сцена
Публика
Здравје
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ
Време
18°C
Моментални услови
Ведро
Прогноза
Понеделник
Ведро
Мин: 11°C, Макс: 29°C
Вторник
Сончево
Мин: 13°C, Макс: 30°C
овозможено од
Yahoo! Weather

курсна листа

 EUR  61.64
 USD  47.89
 GBP  72.96
 CHF  49.51





Култура
Датум: 12.03.2008, 16:51

Претставување на македонското културно наследство во Уругвај

„Културно наследство на Република Македонија“ е темата на која Панче Велков денеска ќе одржи предавање во градското собрание на уругвајската метропола Монтевидео. На предавањето ќе присуствува и градоначалникот на Монтевидео.Во рамките на презентацијата на македонското културно наследство во јужноамериканската земја, Велков веќе одржа предавање за заштитата на културно наследство во Република Македонија. Во Националниот музеј за историја на уметноста вчера беше отворена изложба на фотографии „Свето време“, кои Велков ги снимил на повеќе културно-историски места во земјава. Изложбата ја отвори директорот на Музејот, Густаво Ферари, а уводен збор ќе даде Енрике Бадаро Надал, директор на Музејот на современата уметност во Уругвај. Презентацијата на Република Македонија и на нејзиното културно наследство и уметност во Уругвај се одржува под покровителство на локалната самоуправа и Француската алијанса во Монтевидео, Музејот на современата уметност на Уругвај во Монтевидео и нашето здружение на граѓани „Македонида“.Уругвај е една од 120-те земји што ја признаваат Македонија под уставното име.

#



Останати вести
Писателите бараат спас за Струшките вечери
Промоција на „Политичка филозофија“ во издание на „Феникс“
Поетска средба со Миркуловска
Промоција на „Марија Магдалина“ и на „13-от апостол“ во „Култура“
Македонски актерки ограбени во сараевскиот Дом на полицијата
Концерт на Весна Ѓиновска-Илкова во Универзална

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
 
Најнови вести
Новопазарец припадник на бунтовниците убиен во Сирија
Со видеонадзор до поголема наплата на патарините
Kосово не го есапи меѓународното право
Македонец си ги убил другарот и сопругата поради љубовен триаголник?
Разочарани сме, но не плачевме
Најголемите љубовџии меѓу македонските комити

Индустријата погодена од масовна пиратерија
„Датум за почеток на преговорите со ЕУ е од животна важност за Србија“
Македонија на дневниот ред на Европскиот парламент

 Преспа
 Обединета
 Македонска
 Дијаспора
 Граѓански свет
 Премин
 Southeast Eurpoean
 Times

 Мрежа живо
 наследство

 Огласник24
 Вест
 Утрински Весник
 Теа Модерна

-->