прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
   
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Актуелно

МРТ праќа извршители

Принудна наплата ќе се врши од оние граѓани што не платиле три и повеќе сметки во периодот од јануари - април годинава

Македонската радио-телевизија преку извршители наскоро ќе почне принудно да ги наплаќа сметките за радиодифузната такса од оние граѓани што не платиле три и повеќе месечни сметки од почетокот на годинава. Ова вчера го најави извршниот директор на овој јавен информативен сервис, Ефтим Гаштев, кој рече дека принудната наплата ќе се врши само за оние граѓани што не ги намириле своите обврски во периодот од јануари до април годинава.

- Ние тоа мора да го направиме, бидејќи сакаме да се придржуваме до она што се наши законски обврски. Тие предвидуваат дека сметките треба да се плаќаат по истекот на средината на месецот. Ова значи дека, почнувајќи од 15 јуни, ние ќе почнеме со принудна наплата на нашите побарувања. Први на листа ќе бидат оние граѓани што во тој четиримесечен период воопшто не платиле ниту една сметка. Потоа на ред ќе дојдат и оние што платиле помал број месечни обврски од по 130 денари - изјави вчера Гаштев.

Тој предупредува дека со наплатата преку извршители граѓаните ќе бидат принудени да платат многу поголем износ отколку што реално должат. Во изминатите месеци МРТ од поголем број правни лица во земјава ги наплати побарувањата, при што извршителите од нивните сметки одзедоа во просек по 9.000 денари. Од овие пари, најголемиот дел отпаѓа за делот што му припаѓа на извршителот, а остатокот е за судските и банкарските трошоци.

Извршниот директор на МРТ наведува дека принудната наплата нема да ги опфати оние граѓани што платиле неколку сметки за период од последните месеци од 2008 година и целата 2009 година. На тоа ги обврзуваат и ставовите на народниот правобранител, кој пред неколку месеци предупреди дека МРТ не може да бара од граѓаните овие сметки да ги платат наеднаш.

Во МРТ наведуваат дека за околу две недели ќе почне испраќање на решенија за плаќање на радиодифузната такса за 2010 година до правните лица во земјава.

- Оние фирми што во тој период од разни причини нема да добијат решенија на своите адреси, може слободно да дојдат кај нашите служби, каде што ќе им бидат издадени решенија за наплата - вели тој.

Во изминатите месеци многу од сопствениците на фирмите беа изреволтирани од фактот тоа што не ги добиле решенијата на свои адреси, а подоцна им била извршена принудна наплата од 9.000 денари.

- Како беше можно на моја адреса, која постои во Централниот регистар, да ги добивам сите пратки, а само решението од МРТ да не го добијам. Мене тоа ми е сомнително и мислам дека имаше некаков договор да не ни ги доставуваат пратките за подоцна да може да земат повеќе пари. Се сомневам дека има договор меѓу МРТ и извршителите - изјави сопственичка на една фирма во Скопје.  (Б.Ѓ.)


Посебни услови за слепи и за глуви лица

Ефтим Гаштов тврди дека МРТ не наплатува незаконски радиодифузна такса од лицата кои се глуви и слепи.

- Законот предвидува такса да не плаќаат лица кои имаат оштетен слух и кои 90-процентно го загубиле видот. Таквите лица треба до МРТ да достават медицинска документација дека не треба да плаќаат радиодифузна такса, а потоа ќе ги ослободи. Документација за своите членови може да достават и нивните здруженија - објасни тој.

Сојузите на слепите и на глувите лица пред неколку дена обвинија дека МРТ незаконски бара од нивните членови да ја платат радиодифузната такса.


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт